Добро познатиот стил на СДСМ со закани за тужба е повторно на сцена. Како млади политичари сум силно уверена дека е потребно да сме поконструктивни од испраќање на закани за тужби. Дарко Каевски преку социјалните мрежи побара јавно да се извинам, за вчера поставените прашања, а доколку тоа не се случи, изјави дека ќе поднесе тужба, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
-Дејствијата на клевета не треба да ги користите како средство за задушување на дебатата или пречка за јавните личности да се повикаат на отчесност.
Додека Каевски е на функција фирмата „Гео-Каевски“ добива десетина тендери од државни институции, органи на локална самоуправа и јавни претпријатија. Во текот на 2018 година фирмата „Гео-Каевски“ од општина Велес и општина Желино добива по еден тендер од вкупна вредност од 808.000 денари. Бизнисот тргнува во 2019 година, кога со четири тендери преку општините Велес и Желино, полошкиот плански регион и Јавното претпријатие Водовод и канализација инкасирал 9.748.000 денари. И 2020 година е нешто слична за „Гео-Каевски“ кога од вкупно седум тендери од општините Велес и Желино, Липково и Ранковце, како и од полошкиот плански регион, Јавното претпријатие Дрисла, Јавното претпријатие Водовод и канализација, земала 8.351.173 денари. Ова се извадоци од интернет страницата од Бирото за јавни набавки, кои го докажуваат тоа. Од овие тендери, фирмата „Гео-Каевски“ добива над 18 милиони денари, односно 300.000 евра за само 3 години.
Дали е ова начинот на кој се богатат функционерите на СДСМ, кои додека извршуваат функција, нивни блиски земаат тендери во вредност од неколку милиони денари. Дарко Каевски е должен да одговори. Јавноста има право да знае како е стекнат имотот. Зашто се извинувам јавно, не станува збор за скоро 170, туку за прецизни 152,5 метри квадратни станбена површина запишана во анкетен лист за 2020 година, вели Митева.