Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во вестите на Сител зборуваше и што понатаму ќе прави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание каде посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на седници кога власта ќе сака да протне лоши закони за народот, закони кои се штетни за сите граѓани во Македонија
-Апсолтуно дека ќе ја напуштаме седницата, не само денекска и во наредните продолженија на тековните седници секогаш кога власта сака да протне некој лош закон за населението и за народот.Но од друга страна ВМРО-ДПМНЕ нема да прави кворум во Собранието ниту пак ќе учествува за било какво понижување од стана на власта пред се кон народот . Додека ние не сме во Собранието они со свој кворум поминуваат штетни закони и тоа граѓаните треба да го знаат. Се она што сакат да го прикажат дека се блеска во Македонија и се е розево не е така, тие не можат да се соберат за ниту една седница. Гледате по една недела не може да се одржи седница бидејќи немаат луѓе за да ги одржат матичните комисии, а не па да одржат пленарна седница. Нема да влегуваме во Сбрание ако се разбира граѓаните имаат потреба за нешто ние ќе им помогнеме на граѓаните но на власта апсолутно не, рече Мисајловски