Македонија 27. март 2020. / 12:40

Мисајловски прашува што е вистина: Велеа дека блескаме, а сега фалат околу две милијарди евра

Мисајловски прашува што е вистина: Велеа дека блескаме, а сега фалат околу две милијарди евра

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во „Click Plus“ на ТВ21 порача дека граѓаните мора да ја знаат вистината и дека треба да знаат колку пари фалат во буџетот.

-Добиваме различни изјави во неколку дена, дали буџетот е ликвиден и дали има доволно пари. Пред неколку дена слушнавме дека е во одлична кондиција, дека блескаме, но пред неколку дена слушаме дека фалат 1,3 милијарди евра, а сега слушнавме дека околу 2 милијарди фалат во буџетот. Јас би сакал да прашам што е вистината? Народот треба да знае колку средства фалат, порача Мисајловски.