Македонија 29. февруари 2020. / 16:43

Мировен корпус Македонија со повик до училиштата и невладините да аплицираат за соработка

Мировен корпус Македонија со повик до училиштата и невладините да аплицираат за соработка

Мировниот корпус на Македонија отвори повик за апликации од училишта, невладини организации, општини и останати организации фокусирани на развој на заедниците.

Волонтерите на Мировниот корпус им помагаат на организациите низ земјава од основањето на Корпусот во 1996 година.

Секоја година во декември, околу 50 волонтери од САД почнуваат соработка со локални училишта, невладини организации, општини (или комбинација од сите) за да помогнат каде што е потребно и да ги подобрат нивните капацитети.

Волонтерите на Мировниот корпус работат во три клучни програми: Развој на заедниците; Англиски јазик и Инклузивно образование.

Сите организации што се заинтересирани  да работат со волонтер на Мировниот корпус треба да испратат апликација најдоцна до 10 април 2020. Апликациите може да се преземат од веб-страницата на Министерството за образование и наука.