Македонија 21. декември 2019. / 14:15

Министерството за здравство за две години воведе шест нови лекови за лицата со ретки болести

Министерството за здравство за две години воведе шест нови лекови за лицата со ретки болести

Министерството за здравство изминативе две години, како што велат, направи значајни подобрувања за лицата со ретки болести и воведе шест нови лекови.

Како што информираат, воведени се нови лекови, за пациентите со: спинална мускулна атрофија, фамилијарна амилоидна полиневропатија, апластична анемија, ампуларна и таблетарна терапија за пациентите со Гоше и лек за терапија за пациентите со идиопатска белодробна фиброза.

Минатата година, посочуваат од Министерството, првпат беше воспоставен и електронски регистар за оваа група на пациенти.