Граѓанин реагираше дека инфографикот објавен на страницата на министерот за здравство, Венко Филипче е непотпишан плагијат и дека треба да се внимава на интелектуалната сопственост.
Министре, дури и во време на криза треба да внимаваме и на други вредности како што е интелектуалната сопственост.. Овој инфографик е направен од Гери Варшоу врз основа на истражување на Сингер лабораторијата на Универзитетот во Сан Диего. Ни едното ни другото не е спомнато на оваа преработена верзија која што треба да личи на авторски труд на вашиот тим за комуникации. Не е лошо да ги потсетите да се коригираат – пишува во коментарот, во кој е споделено и оригиналното графичко решение.
Министерот се заблагодари на укажувањето и вети дека веднаш ќе биде додадена таа информација и референца, но засега тоа не е направено.