Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Куманово за управување со градинките. Советот на Општината и градоначалникот Максим Димитриевски една година нема да имаат влијание во работата на јавната детска установа „Ангел Шајче“, затоа што не ја почитувале постапката за распишување оглас за директор. Решението во кумановската локална самоуправа било донесено деновиве, а од Министерството за труд и социјална политика за САКАМДАКАЖАМ.МК, ја потврдија информацијата.
Детската грижа и заштита се приоритет во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика, поради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата од страна на Општина Куманово ги одзеде ингеренциите за управување со градинките, велат од МТСП.
Освен на Куманово, ингеренциите по истата основа пред околу еден месец биле одземни и на Општина Струга и градоначалнкот Рамис Мерко.