Македонија 30. јули 2018. / 10:30

Министерството за одбрана – Шеќеринска нарачала торти и колачи од 3.700.000 денари

Министерството за одбрана – Шеќеринска нарачала торти и колачи од 3.700.000 денари

По бадемите и оревите, виски и морски плодови, министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, „откри“ дека била љубител и на благи работи. Министерството со кое раководи направило нарачка, од ни помалку ни повеќе – торти и колачи во вредност од неверојатни 3 милиони 700 илјади денари или околу 60 000 евра.

Се работи за тендер за набавка на колачиња и торти кои треба да се поделат во МО, но и во неколку касарни низ земјата.

Шеќеринска е позната по бескрупулозното трошење на народни пари кога станува збор за нејзиниот комодитет, па така по стапувањето на функција првиот тендер на МО беше оној за набавка на морски плодови, а неколку дена подоцна и за апетисани (бадеми, ореви, лешници).