Македонија 10. март 2020. / 12:25

Министерството за надворешни работи препорачува граѓаните да не патуваат во Италија

Министерството за надворешни работи препорачува граѓаните да не патуваат во Италија

Министерството за надворешни работи објави препорака до граѓаните на Република С. Македонија да не патуваат во Италија поради состојбата со корона вирусот.

– Со оглед на рапидноста на развојот на настаните со Ковид-19 во Италија, препорачуваме нашите граѓани да не патуваат на целата територија на Италија. За оние граѓани кои веќе се наоѓаат во Италија, препорачуваме зголемени мерки на претпазливост во секое време и да се следат локалните медиуми и упатствата на локалните власти, соопшти МНР.

Генералниот конзулат на Македонија во Венеција, следејќи ја праксата на другите европски дипломатско конзуларни претставништва во истиот регион, како и заради понатамошна превенција од ширење на Ковид-19, во следниов период нема да работи со странки, освен во итни и неодложни ситуации.

За подетални информации околу развојот на состојбите, македонските граѓани кои се наоѓаат во Италија, можат да го контактираат нашиот Генерален конзулат во Венеција на + 39 389 5837913 или [email protected].

Од МНР посочуваат дека преку нашите дипломатско конзуларни претставништва продолжува будно да се следи состојбата со Ковид-19 за што граѓаните соодветно ќе бидат информирани. Официјални информации може да се добијат на travel.mfa.gov.mk.