Во однос на информациите по медиумите дека кај добитокот во делови од Република Северна Македонија се појавила заразата антракс, Министерството за здравство информира дека нема заболени граѓани од антракс во нашата држава.
-Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од Антракс, велат од Министерството.