Македонија 20. февруари 2020. / 13:45

Министерот за образование најави дека поради грипот е можно пролонгирање на школската година

Министерот за образование најави дека поради грипот е можно пролонгирање на школската година

Министерот за образование и наука Арбр Адеми информира дека ја следат ситуацијата со грипот во земјава и согласно околностите ќе бидат преземени соодветни мерки.

Адеми истакна дека меѓу мерките што се разгледуваат е и можно е пролонгирање на образовно-едукативниот процес.

На дневна основа ја следиме ситуацијата. Во постојана комуникација сме и со Министерството за здравство и со другите институции. Ќе ја следиме состојбата и согласно со околностите ќе преземеме конкретни мерки – рече Адеми на прес-конференцијата во седиштето на ДУИ.

Министерот посочи дека во моментот нема нешто конкретно и оти ситуацијата ќе продолжи да се следи.

Ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, можно е да имаме пролонгирање на образовно-едукативниот процес, зависно од заклучоците што ќе дојдат од соодветните надлежни институции – изјави Адеми.