Македонија 20. август 2019. / 14:15

Министерот за култура Исмаили оствари средба со директорот на Турскиот културен центар

Министерот за култура Исмаили оствари средба со директорот на Турскиот културен центар

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре“, Серхат Кула.

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата министерот Исмаили и директорот Кула го изразија своето задоволство од досегашната соработка во делот на културата, а стана збор и за идните проекти со кои ќе се придонесе за развивање и продлабочување на пријателските односи и меѓукултурната соработка меѓу двете земји.

Во тој контекст директорот Кула информираше за реализацијата на повеќе проекти, културни активности и курсеви, кои придонесоа за афирмација и презентација на Турција, турската култура, уметност, историја и традиција, како и за подоброто запознавање на турскиот и македонскиот јазик, културата и религијата на двете земји.

Двајцата соговорници го изразија своето задоволство и од текот на активностите за заокружување на процедурата за отворање на Македонскиот културен центар во Истанбул, како и за процедурата околу објектот Куршумли ан, каде што ќе биде сместен Турскиот културен центар.

На средбата министерот Исмаили подвлече дека токму отворањето на Културно-информативните центри во Скопје и во Истанбул, е уште една можност, локалните култури да добијат глобални размери.