Македонија 24. февруари 2020. / 09:01

Министерот за дијаспора во посета на Црна Гора 

Министерот за дијаспора во посета на Црна Гора 

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска и утре престојува во работна посета на Црна Гора.

За време на престојот во Подгорица, планирана е средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ и директоротот на Управата за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Во фокусот на разговорите ќе биде зајакнувањето на билатералната соработка за прашања поврзани со дијаспората, како и размена на мислења за искуствата на двете држави со УНЕСКО.

Предвидено е министерот Адеми да се сретне и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора.