Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 14:30 најави обраќање на јавноста.
Се очекува министерот Спасовски да каже повеќе детали за случајот со Сашо Мијалков.
„Ве известуваме дека денеска, 23.02.2021 година (вторник) со почеток во 14:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку платформата Zoom“, велат од министерството за внатрешни работи.
Вчера Спасовски немаше обраќање на јавноста, откако МВР повеќе од 24 часа го бараше поранешниот директор на УБК Мијалков.