Македонија 22. декември 2020. / 14:50

Министерот Шаќири се сретна со францускиoт амбасадор Бомгартнер

Министерот Шаќири се сретна со францускиoт амбасадор Бомгартнер

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер.

Како што соопшти МИОА, посебен акцент на средбата бил ставен на соработката во делот на спроведување обуки на француски јазик за вработените во јавната администрација.

На работната средба се разговарало за тековните и идни проекти на Министерството за информатичко општество и администрација во делот на реформа на јавната администрација.

-Двајцата соговорници се согласија дека француските искуства се пожелни и добредојдени и има простор за уште поголемо продлабочување и унапредување на соработката, во наредниот период, се посочува во соопштението од МИОА.