Македонија 29. април 2020. / 13:37

Министерот најави дека уписот на првачињата би можело да биде одложен за во септември

Министерот најави дека уписот на првачињата би можело да биде одложен за во септември

Постои можност уписот на првачиња во училиштата да биде одложен поради епидемијата на корона вирус.

Како што информира министерот за образование, Арбер Адеми, една од опциите што ќе се разгледува на следните владини седници, а се однесува на секторот образование, е можноста уписите наместо во мај уписите да се спроведат во септември.

Вакво нешто се разгледува затоа што согласно новиот закон за образование,  родителите треба да достават и уверенија за примени вакцини, како и за извршен офталмолошки и стоматолошки прегледи кои треба да бидат издадени од надлежна здравствена установа – објасни Адеми.