Македонија 18. April 2019. / 11:36

Министерот Манчевски призна дека е направен хаос во администрацијата

Министерот Манчевски призна дека е направен хаос во администрацијата

Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација вчера гостуваше во емисијата „Печат на неделата“ каде што говореше за состојбата со администрацијата.

Манчевски изјави:

-Ако е каша кај вас во главата од сето тоа што е во тек или што се правело и треба да се направи, можете да замислите како е кај нас. Затоа што министерството и називот кажува не е само овој дел туку и многу работи.

Тој додаде дека министерството повеќе се фокусира на законските и подзаконските акти на класичниот дел од администрацијата, а не толку многу на тоа што на граѓаните ќе им го смени впечатокот на администрацијата, односно како тие ќе добијат подобри услуги. И поради тоа затоа ако се гледа на одредени сегменти нема да дојдеме до саканите цели.