Министерот за економија Крешник Бектеши се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер.
Министерот му посака многу успех на Бомгартнер во вршењето на новата должност, пришто се заблагодари за досегашната поддршка од Република Франција во евро-интеграциските процеси на Република Македонија.
Тие разговараа за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји и можностите истата да се унапреди во наредниот период.
Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Франција во демократските и евроатлантските процеси на земјава, и истакна дека има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу двете земји.
Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за соработка меѓу двете земји пред се во делот на инвестициите во енергетиката, посебно кај обновливите извори на енергија.