Македонија 28. декември 2018. / 20:00

Министерот Асаф Адеми се пофали: Пред Нова година унапредив 20 Албанци

Министерот Асаф Адеми се пофали: Пред Нова година унапредив 20 Албанци

Министерот за култура, Асаф Адеми потпиша неколку решенија за унапредување на 20 Албанци во Министерството за култура.

Тој на својот Фејсбук профил напиша дека повеќето од вработените, иако со неколку годишно работно искуство, како и согласно законските обврски, останале на истите позиции од самото вработување.

Асафи одлучил оваа ,,неправда“ да ја исправи пред Нова година и им го честиташе унапредувањето со напомена дека ,,многу придонеле за културата во текот на својата работа“.