Македонија 16. ноември 2019. / 16:25

Министерот Адеми порачува дека Македонија ќе има засилено учество и активности во меѓународните тела

Министерот Адеми порачува дека Македонија ќе има засилено учество и активности во меѓународните тела

Во своето обраќање на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, македонскиот министер задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адемин, порача дека Македонија се враќа на меѓународната сцена, со зајакнато учество и активности во меѓународните тела, вклучувајќи го и УНЕСКО.

Како што истакна Адеми, од 2017 година, Македонија се стреми да има активна улога во севкупните процеси во Огранизацијата, како дел од нашата насоченост кон функционална мултилатерална соработка.

Од владината прес-служба соопштија дека во својот говор, Адеми уште еднаш ја потврдил посветеноста на нашата земја кон вредностите и одлучувачката универзална улога на УНЕСКО во културата, образованието, науката и комуникациите.

– Ја зајакнуваме нашата вклученост, во многу од овие области, како алатка за постигнување мир и одржлив развој – истакнал Адеми.