Македонија 08. јуни 2019. / 18:35

Министерот Адеми не се криел – службено бил во Љубљана

Министерот Адеми не се криел – службено бил во Љубљана

Министерот Арбр Адеми по објавите во медиумите дека денеска се криел и не дошол на свеченото доделување на дипломите на универзитетот Мајка Тереза реагира и во изјава за Либертас вели дека штотуку попладнево се вратил од Љубљана каде што од вчера бил на службен пат.

– Немам зошто да се кријам, јас за обвинувањата од просветниот инспектор Илиевски одговорив и сега истото го велам и ги охрабрувам институциите да го истражат случајот бидејќи сум убеден дека нема ништо незаконско околу мојот статус на Тетовскиот државен универзитет од каде што дојдов на министерската позиција. Местото ми мирува и ќе се вратам таму кога ќе ми заврши функцијата министер за образование и наука. – вели Адеми.