Денес остварив средба и со директорот на Кацеларијата на Светска банка, Марко Мантованели, напиша на Фејсбук техничкиот министер за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
На средбата изразив благодарност за досегашната соработка и потенцирав дека мој приоритет како министерка за труд и социјална политика е да продуцирам процеси коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните, напиша Мизрахи.