Македонија 03. април 2019. / 12:32

Минатата недела се пријавени нови 109 лица заболени од морбилите

Минатата недела се пријавени нови 109 лица заболени од морбилите

Минатата недела се пријавени нови 109 лица заболени од мали сипаници во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од новозаболените лица скоро половина (49 лица) се од Скопје и тоа 89,9 проценти од нив се невакцинирани или лица со непознат вакцинален статус.

Најголемиот број на регистрирани лица со морбили во текот на целата епидемија се од Скопје. Од вкупните 767 случаи на мали сипаници, дури 575 се епидемиолошки поврзани и пријавени во Скопје.

– Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 20 градови од Македонија, од нив 521 случаи од Скопје, 63 се од Тетово, 61 од Куманово, 27 од Струга, по 18 случаи има во Гевгелија и Дебар, 15 се од Гостивар, 12 од Велес, 11 од Кичево, по 4 од Кочани и од Штип а во останатите 9 градови се регистрираат спорадични случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга – велат во ИЈЗ.

Од почетокот на епидемијата до денес се зголемил бројот на вакцинирани лица на возраст до 14 години и изнесува 18. 251.