Пратеникот Антонио Милошоски преку статус на Фејсбук ја коментира ситуацијата со доцнењето на вакцините во Македонија.
„Лани во ноември-декември Заев и Венко ги лажеа граѓаните дека Грција и Бугарија веќе нарачале анти-корона вакцини и за Македонија.
Денес во цела Европа граѓаните имаат можност да се вакцинираат против оваа болест, само кај нас народот е во неизвесност, вакцини нема ни за лек, а многу пациенти, лекари и медицински сестри се борат за живот, оставени сами на себе“, пишува Милошоски.
Во видеото што го објави пратеникот има изјава од премиеорот Заев каде што тврди дека Грција веќе нарачала вакцини и за нас и дека Македонија веќе е во договор со Ковакс во врска со набавката на вакцината.
Исто така и министерот за здравство, Венко Филипче изјави и дека дел од секоја пратка вакцини за Бугарија, ќе биде издвоена за Македонија.