Македонија 13. јануари 2021. / 21:18

Милошоски: За Заев побитно е да го легализира неговиот бизнис со марихуана, наместо да обезбеди вакцини

Милошоски: За Заев побитно е да го легализира неговиот бизнис со марихуана, наместо да обезбеди вакцини

Пратеникот Антонио Милошоски во емисијата „Филибастер“ зборуваше за ситуацијата со ковид-пандемијата и вакцината против коронавирусот во Македонија.

„Се чини дека изминатат година и оваа за Заев побитен проект е како да смисли начин за легализација на неговиот бизнис со марихуана и како марихуаната да ја направи дел од нарко-бизнисот во регионот, кадешто што Македонија би била центар. Наместо, кадешто неговиот интерес и приоритет да го даде на темата како да обезбеди вакцини, и ова е резулатот. Сите земји во регионот освен Косово и Македонија немаат започнато со вакцинирање“, рече Милошоски.

Тој вели дека гледавме смешни изговори дека има постигнато Филипче договор со Фајзер, но дека не смее да каже колку дози.

„Тоа е одговор кој ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сите држави објавија по колку вакцини ќе добијат и тоа не е никаква тајна. Власта која се занимава претежно со ваучери, корупција, поткуп, тендери, бизниси, вработувања на партиска основа, таа власт очигледно е дека нема време за бавење со вистинскиот проблем“, смета Милошоски.