Македонија 13. јануари 2021. / 20:34

Милошоски за полициската интервенција во Вевчани: Единствениот карневал кој е дозволен е карневалот во Владата

Милошоски за полициската интервенција во Вевчани: Единствениот карневал кој е дозволен е карневалот во Владата

Пратеникот Антонијо Милошоски во денешното гостување во емисијата Филибатер зборуваше за полициската интервенција на Вевчанскиот карневал.

Еден карневал со 1.400 години традиција, којшто не бил забранет ниту во Османслиско време, ниту во било која окупација е само лице на власта на која нема демократски капацитет да поднесе демократска критика и демократско исмејување, којашто е и улогата на карневалот“, вели Милошоски.

Тој смета дека интервенцијата на полицијата и растурањето на карневалот е маската која ја носи власта, и не сака да ја симне.

„Власта сама покажа дека единствениот карневал кој е дозволен во оваа држава е карневалот во Владата, каде што се распишуваат тендери, се трошат буџетски средства, се работи недомаќински, не се решаваат проблемите на граѓаните. А секој друг карневал кој ќе биде критика на лошото владеење се обидуваат да го угушат и да го забранат“, додаде Милошоски.