Македонија 05. јуни 2020. / 09:56

Милошоски: Владата треба да ѝ се извини на Словенија за нападите на Тозија

Милошоски: Владата треба да ѝ се извини на Словенија за нападите на Тозија

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара Владата на Република Македонија да и се извини на Словенија за, како што вели, несреќните ад хоминем напади против премиерот на пријателска Словенија од страна на директорот на агенција за филм Горjан Тозија.

Директорот на владината агенција за филм, Горјан Тозија словенечките водачи ги нарече криминалци. Тој преку социјалните мрежи пишуваше за тоа дека Пленковиќ, Јанша, Орбан, Груевски се дел од една криминална банда.

За потсетување, хрватските медиуми открија дека директорот на владината агенција за филм јавно упатувал вулгарни навреди на социјалните мрежи за премиерот на Хрватската влада, Андреј Пленковиќ, владејачката ХДЗ партија, нарекувајќи ги фашисти и членови на криминалниот клуб.

Додека македонската Влада молчеше здружението на Хрвати од Македонија бараа тој да биде разрешен и да се извини, но наместо тоа, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува невидена дрскост и говор на омраза.

Реагираше и хрватското министерство со соопштение во кое се вели дека за ова амбасадорката на Хрватска во Македонија веќе им укажала на претставници на македонската влада на неприфатливите изјави на Тозија.

Според пишување на порталот локално.мк Горjан Тозија ќе си поднесе оставка.