Собранието треба да расправа за бугарскиот меморандум кој се однесува на македонските европски интеграии и да изгради свој став, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Тој, како претседател на комисијата за надворешна политика, ќе се обиде да го отвори прашањето, но се сомнева дека власта нема да го прифати барањето.
За него е неприфатливо државен јазик да биде предмет на преговори во рамките на Европската унија и бугарските позиции ги смета за неевропски.