Македонија 08. јануари 2021. / 11:43

Милошоски: САД не би амнестирале некој кој ги отворил вратите, како ние Крсто Мукоски

Милошоски: САД не би амнестирале некој кој ги отворил вратите, како ние Крсто Мукоски

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, преку социјалните мрежи го осуди упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот со цел да се спречи верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Пратеникот направи споредба со упадот на демонстрантите во македонското Собрание за време на изборот на Талат Џафери за спикер на 27 април 2017 година.

-САД се држава која не верувам дека би си дозволила оној кој ги отворил вратите на Конгресот, како Крсто Мукоски во Македонија, да биде амнестиран од власта и судот. Во Македонија токму извршителот што ги отвори вратите за насилството на 27-ми Април беше амнестиран, а потоа стана и сојузник на владата и беше богато наградуван со милионски тендери за семејната фирма, со што се испрати порака дека доколку си послушен џубокс пратеник како Мукоски, насилството се исплати и финансиски, и политички . Бонус за “вратарот на насилството” во Македонија беше моментот кога истиот како дел од државната делегација во 2019та беше на аудиенција кај Папата Франциск, со што актуелната власт на Мукоски му организираше и еден вид на морално помилување среде Ватикан, напиша Милошоски на фејсбук.

Тој повикува на правна разрешница на немилите настани од Вашингтон.