Македонија 12. септември 2019. / 12:20

Милошоски: Работните групи треба да продолжат да работат на законскиот текст

Милошоски: Работните групи треба да продолжат да работат на законскиот текст

Најдобро во овој момент е работните групи да продолжат да работат на законскиот текст, вели Антонио Милошоски, кој е учествува во работните групи за подготовка на законот за јавно обвинителство со кој се одредува и судбината на СЈО, пренесува Телма.

Тој пред новинарите рече дека премиерот Заев на лидерската средба завчера рекол дека Катица Јанева по истекот на 30-те дена притвор ќе биде пуштена во домашен притвор.