Македонија 31. јануари 2021. / 15:18

Милошоски: Предлагаме електронски попис со мониторинг од стручни лица

Милошоски: Предлагаме електронски попис со мониторинг од стручни лица

Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето каков попис се смета за веродостоен, одговори дека електронскиот попис според него ќе даде поефикасни резултати.

-ВМРО-ДПМНЕ предлага пописот да биде електронски затоа што ќе биде поефикасен, затоа што ќе биде по економичен, и затоа што електронски попис е по европски. За власта и сите други субјекти да имаат поголема доверба и во електронскиот попис предлагаме електронскиот попис да има и свој мониторинг, а мониторингот да го вршат стручни лица и професори од Факултетот за информатика ФИНКИ. На тој начин стручните лица кои што се разбираат од бази на податоци и нив вкрстување ќе бидат одговорните субјекти кои што на цела јавност ќе и дадат убедување дека пописот е веродостоен, наместо да се попишуваат по партиска линија регрутирани попишувачи од СДСМ и ДУИ. Затоа сметаме дека власта треба да се одважи и да прифати електронски попис со мониторинг на стручни лица и професори од ФИНКИ, вели Милошоски.