Македонија 01. октомври 2019. / 16:50

Милошоски: Опозицијата не може да ја убеди власта за Законот за обвинителство, но ЕУ може

Милошоски: Опозицијата не може да ја убеди власта за Законот за обвинителство, но ЕУ може

Опозицијата нема ресурси да ја убеди власта во што поскоро време да се донесе Закон за обвинителство, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој воедно е член на работната група на опозициската партија, пишува Фокус.

Но, доколку ЕУ го поврзе донесувањето на овој закон со условите коишто на Македонија дополнително ќе и овозможат перспектива или подобар имиџ во ЕУ, тогаш може тоа ќе помогне владата да биде посериозна – рече Милошоски.

Претходно, министерката за правда Рената Треневска – Дескоска рече се уште нема никакви поместувања меѓу работните групи на власта, меѓутоа, додаде таа, постои неформална комуникација и темата за законот за обвинителство ќе биде отворена на средбите за измените на Изборниот законик.