Македонија 09. април 2019. / 12:21

Милошоски од Стразбур: Преговорите би почнале 2020 година, а ќе траат 10 години

Милошоски од Стразбур: Преговорите би почнале 2020 година, а ќе траат 10 години

Во Јуни нема да има одлука за датум за преговори, затоа што Франција, Данска и Холандија сметат дека МК не е спремна и дека нема доволно добра имплементација на законите, посебно во областа владеење на правото и реформите во администрацијата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Од таму Милошоски порача во видео обраќање објавено на неговиот фејсбук профил дека оптимистичко и реално сценарио за почеток на преговорите, доколку има добри реформи и се убедат ФР и Холандија, е за време на Хрватското претседателство со ЕУ во првото полугодие на 2020 година

Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години – порача Милошоски.