Македонија 11. ноември 2020. / 13:03

Милошоски: Непојавувањето на власта на Комисијата за надворешни работи е политички скандал

Милошоски: Непојавувањето на власта на Комисијата за надворешни работи е политички скандал

Бугарија на седница во Собрание постигнаа надпартиски консензус и утврдија одредени смерници, меморандуми, додека од македонска страна за жал имаме поделено Собрание, и имаме Комисијата за надворешни работи која за прв пат не може да одржи седница на тема која се однесува токму за надворешната политика, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во денешната емисија “Студио 10” на Телевизија 24.

Според него тоа е неевропско однесување и еден вид на политички скандал бидејќи претставници од владата, како министерот за надворешни работи и вицепремиерот за евроинтеграции одбиваат да дојдат пред пратениците и да ги изложат своите ставови и да пробаме да изградиме еден национален став за тоа што е наш заеднички интерес, а тоа се европските интеграции со зачувување на европската вредност по однос на самобитноста на македонскиот народ со сите карактеристики

Според Милошоски, самобитноста на македонскиот народ со сите јазични, книжевни, фолклорни и историски карактеристики може да биде основниот момент на една собраниска декларација. И таквата декларација може да послужи и во иднина и на оваа и на било која друга влада, како аргумент во разговорите или при агресивните напади од страна на Софија кои потсетуваат на некои историски анахронизми.

Доколку во Собранието дојдат министрите за надворешни и евроинтеграции ние како пратеници ќе им поставиме и прашања, а министрите се должни да ги одговорат. Сметам дека македонското собрание во вакви моменти, по иницијатива на владата, да биде институцијата во која што заедничкиот национален именител македонски народ, самобитност, јазик, книжевност, фолклор и култура ќе бидат обединети и преточени во еден меморандум. Зошто е тоа битно, затоа што кога бугарските претставници одат во Брисел или во Берлин или во Парис, нивните аргументи се посилни кога ќе се повикаат на меморандум кој што изгласале надпартиски. Затоа сметам дека Собранието не треба да се одбегнува, напротив собраниската расправа и заедничка резолуција би била поволност и би ги зацврстила аргументите и позициите на македонската држава, посочи Милошоски.