Целта на оваа комисија беше да се одговори на бугарскиот меморандум кој е историски анахронизам , спротивен на европските вредности. Но Димитров и Османи со непојавувањето покажаа непочитување кон гласачите и граѓаните.
Тој најави дека за скоро време пак ќе ја свика комисијата и се надева оти Димитров и Османи ќе покажат храброст да се појават.
Македонските пратеници не можат да побараат интерпелација од Захариева или Каракачанов, но можат од Османи и Димитров, објасни Милошоски.