Македонија 30. октомври 2020. / 11:56

Милошоски: Костадинов во мај со 22 новозаразени и 2 починати бараше оставка од Чулев, денес молчи

Милошоски: Костадинов во мај со 22 новозаразени и 2 починати бараше оставка од Чулев, денес молчи

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбик пишува дека Костадин Костадинов од СДСМ во мај со 22 новозаразени и двајца починати бараше оставка од Наќе Чулев кој во тоа време беше министер за внатрешни работи, а денеска со близу 900 новозаразени и близу 1.000 починати мудро молчи.

Корона-хипокризијата и СДСМ
Костадин (Струмица), на 16.мај: “Наќе е крив, одговорен за 22 заразени и 2 починати, мора да поднесе оставка”
Денес со 862 заразени дневно и близу 1.000 вкупно починати, пратеникот Коста молчи за одговорност и оставки. А само Струмица денес има 471 активен случај, преполна болница со Ковид-пациенти, а премалку медицински сестри.
Тешка хипокризија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.