Македонија 01. декември 2020. / 14:23

Милошоски: Кога станува збор за предавства без конкуренција пехарот го носат Заев, Димитров и Османи

Милошоски: Кога станува збор за предавства без конкуренција пехарот го носат Заев, Димитров и Османи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошевски во изјава за Радио Лидер, прашан за обвинувањата, од сега владеачката, а порано опозициската СДСМ додека беше министер за надворешни работи, дека наводно бил во блиски релации со Бугарија, вели дека СДСМ секогаш биле многу успешни мајстори во претворањето на манипулацијата во вистина и протварањето на вистината во манипулација.

Тој рече дека добро е што денеска сите работи испливале на површина, вклучително и случувањата со Бугарија, за да се види дека предавствата кон било кој сосед или преговарањето со нив на штета на националното достоинство на Македонците исклучиво и без конкуренција пехарот го носат Заев, Димитров и Бујар Османи во таа дисциплина.

-СДСМ во овој момент си го покажа вистинското лице. Тоа е лице на политичари кои што историјата, традицијата, Уставот, јазикот и идентитетот ги гледааат само како предмети коишто може да се преговааат или да се распродадат за да се задржи некој уште некој месец-два или шест месци на власт повеќе, за да може да добие некој тендер плус од РЕК Битола или од било кој други државни агенции, речеМилошоски.

Тој истакна дека му е драго што на денешниот протест има и присутни луѓе коишто не се партиски определени или можеби гласале различно од избори на избори, коишто секој поминат ден се повеќе осознаваат дека главниот проблем во оваа држава и за економијата, и за историјата, и за достоинството и за образованието се манипулациите на Зоран Заев.