Македонија 15. февруари 2020. / 16:09

Милошоски: Хибридниот режим има свое име и презиме, Зоран Заев, Курто Дудуш, Боро Малборо

Милошоски: Хибридниот режим има свое име и презиме, Зоран Заев, Курто Дудуш, Боро Малборо

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешното продолжување на расправата во собранието за законот за Совет на јавни обвинители, истакна дека ова е хибриден режим и како таков има свое име и презиме.

-Баба Перса од Ѓорче, повеќе го цени Економист, колку што вие го потценувате. Македонија е во друштво со Боцвана, Алжир со Босна и со Сенегал, а сака да ја добие поддршката од Словенија, Данска, Италија, Франција и Холандија, падот е голем и падот затоа што тој хибриден режим има свое име и презиме, имињата се Зоран Заев, Курто Дудуш, Боро Малборо тоа е хибридниот режим, вели Милошоски.

Тој истакна дека без Вице Заев нема тендер во државата, тоа е хибриден режим.

-Ако веќе Економист ви е мал репер, прочитајте ја листата на Транспаренси, Македонија има пад и на оваа листа, којашто не е направена ни во Скопје, ни во Струмица и е во друштво на Малави, Украина, со Сенегал и со Фиџи, посочи Милошоски.