Македонија 16. ноември 2020. / 23:44

Милошоски: Утре да биде прогласен Ден на жалост во чест на жртвите од ковид 19

Милошоски: Утре да биде прогласен Ден на жалост во чест на жртвите од ковид 19

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски бара од Владата утрешниот ден за Ден на жалост.

Македонија досега изгуби вкупно 1.345 луѓе ???

Денес е трагичен датум, во еден ден згаснаа 4️⃣0️⃣ животи на наши сограѓани, соседи, нечии родители, браќа, сестри, сопружници, баби и дедовци‼️

⚠️По тој повод Владата (согласно чл.8 од Законот за Влада) треба утрешниот ден,
17-ти ноември, кога дел од роднините ќе се простат од нивните најблиски, да го прогласи за ДЕН НА ЖАЛОСТ а утре точно напладне државното знаме на Македонија да се спушти на половина копје, пред Владата, пред министерствата, пред општините и сите други државни и јавни институции.

Истовремено, да се даде обврска на телевизиите со национална фрекфенција да истакнат црна лента ◾ на екраните како знак на соодветно одбележување на Денот на жалост и оддавање почит кон загубените животи на нашите сограѓани и тагата на нивните семејства!, напиша Милошоски.