Mинистерот за локална самоуправа, Горан Милевски денеска на прес – конференција изјави дека подготвиле стратегија за идните 10 години и дека ќе работат на рамномерен регионален развој.
Тој даде отчет за сработеното за 100 дена Влада. Вели дека го прошириле капацитетот во Домот за стари лица во Берово, а подобрени се и условите во ученичкиот дом во Куманово. Реновирање е греењето во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Полетувалиштето за параглајдеристи во Крушево е реконструирано. По 40 години рановирани се и двата ски лифта на Понивка. Имплементирани се 26 проекти за рамномерен регионален развој.
Милевски изјави дека со надлежните министерства од соседните земји се идентификувани проектите за наредниот период.
– Годината ја завршуваме со нова програма за локален економски развој, рече Милевски.
Вели дека преку дигитализација ќе ги подобрат услугите кон граѓаните. Најави суштински промени во наредниот период. Вели дека јавните финансии ќе бидат рамномерно распоредени за сите општини.