Македонија 05. февруари 2019. / 11:44

Миленко во одбрана на Никола Поповски: Оркестриран “фејк њуз” напад

Миленко во одбрана на Никола Поповски: Оркестриран “фејк њуз” напад

Некогашниот ТВ водител Миленко Неделковски, на неговиот фејсбук профил ги обвинил за “фејк њуз” медиумите кои објавија дека поранешниот министер за надворешни работи Никола Поповски, заедно со актуелниот министер Никола Димитров и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, планираат да формираат партија.

Според некогашниот водител станува збор за оркестриран напад врз Никола Поповски

– Оркестрираниот дувло-мувло напад врз Никола Поповски.

(Поука од авторот: Лажеа со фејк-њуз, на кои за жал и јас наседнав, и дека бил во Пастел кога се собираа екс-вмровските функционери подготвувајки го предавството во Собрание.) – напиша Миленко на Фејсбук.

Инаук оваа информација, ја лиферуваше и новинарот Васко Ефтов во емисијата „Во Центар“. Тој посочи дека Никола Поповски и Никола Димитров се потенцијални кандидати да застанат на чело на една партија која би можела да биде формирана со работно име конзервативна партија.

Ефтов ги анализираше двајцата, како идни кандидати за претседатели на Република Македонија, и се прашува дали формирањето на политичка партија која тие двајца би ја воделе е причината поради која тие се изземени како можни кандидати за претседател на државата.