Заев ги навреди и мртвите и живите. Југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Стив Наумов, Орце Николов… редица жртви на „администраторите”, кои не се воздржувале да убиваат и малолетноци!, вели Владимир Милчин, коментирајќи го последното интервју на Зоран Заев за БГНЕС.
– Југославија има други гревови, други жртви, ама сега не се преговара со неа. Ја нема. Таа историја не ни се заканува денес и не е пречка на патот за ЕУ. Нејзиното преиспитување не е табу во независна Македонија. Но тоа не е зелено светло за, најблаго речено, шминкање на историјата во годините на бугарската окупација. Ова што го прави Заев е капитуланство. Неговите недоквакани изјави се навреда за умот и паметењето на Македонците каде и да се. Ужаснува леснотијата со која го прави тоа. Го продава она што не е негово!, додава Милчин во пост на „Фејсбук“.
КАПИТУЛАНСТВО
Заев ги навреди и мртвите и живите. Југославија не можеме да ја кудиме за Кузман Јосифовски, Мирче Ацев,…Posted by Владимир Милчин on Wednesday, November 25, 2020
Понатаму, тој во нова објава го прашува премиерот и како и на кој начин се сменети се 20 табли на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“.
– Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се замислува тој? Премиерот се унапредил себеси во монарх?
Не му стигнало до умот дека Димитров го молел Тито да дозволи бугарски војници по 9 септември 1944 година да учествуваат во операциите за ослободување на Македонија и Источна Србија за да се рехабилитира бугарската армија за злосторствата во времето кога Бугарија “администрирала” со пролевање крв?
Знае ли Заев колку табли и споменици ќе треба да замени и урне? Колку книги ќе треба да запали? Колку партизански гробишта ќе треба да изора за да им угоди на Борисов и компанија? Ќе треба и да го збрише и нашето паметење. Е, тоа малку потешко!, коментира Милчин.
СО ШТО СЕ ФАЛИ ЗАЕВ
Смениле веќе 20 табли, се фали Заев! Кришум, ноќе!? Врз основа на чија директива! На Заев?! Што се…Posted by Владимир Милчин on Wednesday, November 25, 2020