Адвокатот Еленко Миланов смета дека сведочењето на Зоран Заев мора да се сфати сериозно, бидејќи тоа го говори човек кој има пристап до сите безбедносни информации во државата. Миланов смета дека ова обвинение треба да биде повлечено.
„Не може човек што ги има сите релевантни информации да каже дека Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори на собраниските настани и тоа да не биде земено предвид“, рече адвокатот на одбраната.