Адвокатот Еленко Миланов во гостувањето во Tелевизија 24 го коментираше прекршувањето на Законот со затворање на истрагата пред да им се даде на осомничените право да да дадат исказ во врска со случајот „Рекет“. Тој коментира дека ова не е прв пат бидејќи истото се случувало и во СЈО, а сега она што го правела Катица Јанева го прави некое друго обвинителство.
–Не е прв пат да се прави вакво прекршување со тоа што ќе се затвори истрага пред да им се даде на осомничените право да дадат исказ или да се произнесат на кој било начин. Истото се случуваше и во СЈО. Огромен број обвинети во предметите не беа воопшто сослушани. Тие беа повикани по нивното барање да направат увид во списите на предметот, никогаш повеќе не се повикани да дадат свој исказ и добија известувања за завршени истраги и се поднесени обвиненија. Така што, она што го правеше Катица Јанева, очигледно сега го прави некое друго обвинителство – вели Миланов.