Македонија 06. ноември 2020. / 15:54

Миланов: Груби и Адеми потврдија дека никогаш не бил даден преку ред говор на Ибраими

Миланов: Груби и Адеми потврдија дека никогаш не бил даден преку ред говор на Ибраими

Артан Груби и Џевад Адеми го потврдија она што го тврди и Трајко Вељаноски дека никогаш не било дадено преку ред говор, односно процедурално на Зекирија Ибраими бидејќи и двајцата потврдија дека истиот бил пред нив на листата и дека се пријавиле за говор после тоа и дека своето право го повлекле, објасни по денешното рочиште адвокатот Еленко Миланов.

Со тоа се потврди дека нема основа во ваквото тврдење на обвинението кое се става на товар на Вељаноски.Сите докази на одбраната досега го негираат обвинението и потврдуваат дека она што се става на товар на осомничените не соодвестува со реалните настани за тој ден-обасни адвокатот.