Македонија 10. мај 2018. / 12:32

Мила Царовска ги преотстапува државните днeвни центри на невладини организации

Мила Царовска ги преотстапува државните днeвни центри на невладини организации

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска неодамна го потпишала Меморандумот за соработка со НВО „Имаго плус“, каде Дневниот центар за аутизам во Топанско Поле го преотстапува на оваа невладина организација, укажуваат наши доброупатени извори.

Имено невладината организација ќе биде целосна задолжена за обавување на психосоцијален третман на деца со попреченост и советодавна работа со нивните родители, вклучувајќи ги и децата со аутизам.

Од наши извори од Дневниот Центар во Топанско Поле дознаваме дека стручните кадри се ставени во втор ред и целото менаџирање е превземено од страната на невладината организација која важи за блиска до министерката Царовска.

Вработени стравуваат дека здружението нема капацитет да спроведе стручна работа, особено за оваа ранлива категорија на деца, при што нивните работни мести се потиснати од активисти на НВО „Имаго плус“.

Инаку во предизборната кампања во 2016 Царовска, пред овој Дневен Центар најавуваше дека државата треба поактивно да се заложи за Дневните Центри за нивно функционирање и надградување. Но, сега кога Царовска е министерката државните центри ги распредели на невладините организации.

Со дневниот Центар за аутизам до сега менаџираше Центарот за социјална работа на град Скопје.

Исто така и државниот центар за жртви на трговија со луѓе ќе биде преотстапен на невладината организација Отворена Порта“, Скопје која исто така важи за блиска до Царовска.