Македонија 16. мај 2020. / 21:38

Мијалкови пратија демант

Мијалкови пратија демант

Во вашиот текст “Мијалкови донирале шкарт тестови за Корона”, изнесувате невистини и манипулации со кои целосно ја дезинформирате јавноста. Тестовите кои ги нарачавме и ги донираме на Министерството за здравство како помош во справување со пандемијата не се тие за кои пишувате !

Дали станува збор за незнаење, забуна или намерно лажење во моментов е ирелевантно. Поважно е граѓаните да добијат точна и целосна информација.

Доколку се јавевте и проверевте како што налагаат професионалните новинарски стандарди, ќе ни беше задоволство да ви укажеме дека тестовите кои ги донираме се серилошко тестови, односно тестови преку крв, кои се од најновата генерација и ги имаат добиено сите меѓународни сертификати.

Значи, не станува збор за молекуларните тестови преку плунка за кои пишувате. Од тоа што успеавме да дознаеме тие се употребувале само на американскиот пазар.

Донираните тестови утврдуваат присуство на антитела на Ковид-19 во крвта.

Сензитивноста на тестот кој го донираме е 100%, а специфичноста e 99,5%. Ваквите параметри, според експертите го прават еден од најпрецизните на пазарот.

Абот како една од најсериозните компании во светот, заедно со тестовите приложува и осигурителна полиса која служи како гаранција за наведените параметри. Масовното серолошко тестирање во моментов се спроведува во сите европски земји и САД.

Македонија и граѓаните ќе имаат полза од овие тестови, а не од ширењето лажни вести.

Ова е трета вест во низа со која што со невистини се обидувате да политизирате и оцрните хумана акција со која што им помагаме на нашите граѓани и државата.

Тоа не ви носи ништо добро ни вам како медиум, ниту на вашиот нарачател кој ве храни со погрешни информаци и прави обид да го исполитизира овој хуман гест.

Компанијата БВИ продолжува да работи по начелото “создаваме трајни вредности” и заради заштита на нашиот углед бараме овој демант да го објавите во целост.