Македонија 21. јули 2020. / 19:16

Мијалков пушти уште еден провокатор: Рангелова не сака влада со ВМРО-ДПМНЕ

Мијалков пушти уште еден провокатор: Рангелова не сака влада со ВМРО-ДПМНЕ

Политичкото подземје контролирано од озогласениот Сашо Мијалков, продолжува да ги минира преговорите за составување на влада, во која ВМРО-ДПМНЕ има сериозни шанси да состави влада.

Откако утринава се јави Никола Поповски, попладнево на провладината ТВ 24, се огласи и поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова која важи за екстремно блиска со Влатко Мијалков  поранешен помошник на директорот на царина.

-Од мојата политичка анализа ВМРО-ДПМНЕ нема шанси да состави влада. Не гледам како би се споила со некоја албанска партија, не ја гледам нишката на спојување. Или со Левица, која вели дека не би влегла во Влада без поништување на Преспанскиот договор. Јас би била среќна ако мојата партија формира влада, но треба да гледаме реално.Математички прецизно, како што би кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, не се поклопуваат математиките.А, на овие избори најмногу изгубија македонските партии, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Како што рече Мицкоски, ако изгуби на избори, а изгуби, и не направи влада, тогаш треба најдостоинствено сам да се повлече. Никој не треба да му бара оставка. Груевски се повлече по загубени локални избори. Мицкоски губи неколку пати. Јас после ова гостување, ќе бидам масакрирана на социјалните мрежи, но не секој тоа може да го издржи, рече Рангелова.

Лидер денес објави дека Мијалков очајнички се обидува да ја преземе ВМРО-ДПМНЕ, како негов единствен адут за да остане на слобода. Тој му ветил на екс министерот за надворешни работи Никола Поповски дека ќе биде новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски ќе бил генерален секретар, а високо место во партијата и било ветено и на плавокосата Даниела Ранегелова.