Македонија 27. ноември 2018. / 10:04

Мијалков повторно нема да дојде во Судот: Одложено рочиштето за „Титаник 2“

Мијалков повторно нема да дојде во Судот: Одложено рочиштето за „Титаник 2“

Денешното рочиште за предметот „Титаник 2“ во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и Мендух Тачи е одложено. Причината е поради тоа што Мендух Тачи побарал да оди на прослава на албанското знаме во Тирана.

Освен Мијалков и Тачи, во предметот се обвинети уште и Бедредин Ибраими од ДПА, потоа Елизбета Стефанова, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

Сашо Мијалков повторно нема да се појави на Судот, откако минатата недела требаше, но исто така не беше спроведен од притворот во Шутка на рочиште за предметот „Тврдина-Таргет“ кое беше одложено.