Македонија 07. февруари 2019. / 13:14

Мијалков побара да го ослободат за „Тортура“

Мијалков побара да го ослободат за „Тортура“

За 20-тина дена е истечен е рокот за СЈО да биде овластен тужител за предметот „Тортура“ бидејќи предметот е преземен од редовното Јавно обвинителство на 4.12.2015, а обвинителниот акт е поднесен на 29.6.2017, му укажа денеска на Основниот суд Скопје 1 обвинетиот Сашо Мијалков, кој преку адвокатите побара одбивателна пресуда за овој случај, пренесе СДК.

Одбраната се повика практично на начелното правно мислење на Врховниот суд од 30 јануари 2019, според кое рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО може да биде само 18 месеци од преземањето на предметите и бомбите од страна на СЈО.

Обвинителот од СЈО Љубомир Лапе рече дека овој предлог на одбраната треба судот да го одбие бидејќи пред себе имаат правосилен обвинителен акт, оценет и потврден од Основен суд Скопје 1.